Побратимените навивачи на Комитите, популарната навивачка група на Шалке о4 УГЕ (Ултрас Гелзенкирхен), денеска организираше и прати помош во Македонија за најзагрозените подрачја од поплавите. УГЕ испратија повеќе од 400 пакети со храна, топла облека и слично.
Ова не е прво добро дело на овие навивачи, кои на секој натпревар кога игра Шалке о4 со песна не забораваат да ги поздрават своите браќа во Македонија, а исто така и редовно се истакнуваат македонски знамиња на нивната трибина.
Голем почит до овие навивачи!