Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одигра нерешено со Македонија Ѓ.П.

Вардар одигра нерешено со Македонија Ѓ.П.

Вардар одигра 1-1 на пријателскиот натпревар против новиот прволигаш, екипата на Македонија ЃП. Нашиот тим на овој натпревар настапи со многу измени, односно многу наши играчи добија шанса да настапат на овој дуел од тренерот Седлоски. По првиот дел нашиот тим имаше негатива од 1-0, голот за домакинот го постигна Џангаровски во 38 минута од натпреварот.

Вардар во вториот дел го измени речиси целиот тим, во игра влегоа играчите кои беа на клупата за резерви. Нашиот тим резултатот на 1-1 го израмни во 63 минута од мечот преку Балотели Боарето кој беше прецизен за израмнување. Со овој резултат и заврши овој пријателски меч. Денеска Вардарци ќе одиграат и натпревар против тимот на Еуромилк.

vf

ВАРДАР: Гачевски (46’ Алексовски), Глишиќ, Мијушковиќ, Новак (58’ Грнчаров), Брдаровски, Николов (58’ Спировски), Глигоров (58’ Велковски), Грозданоски (58’ Фелипе), Петковски (58’ Асани), Љамчевски (58’ Којашевиќ), Обрегон (58’ Боарето).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Георгиевски, Џангаровски, Иловски, Аломеровиќ, Рамадан, Чешмеџиев, Здравковски, Стојкоски, Ристовски, Цветановски, Јашароски.