Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Младите ракометари загубија и од Холандија
Младите ракометари загубија и од Холандија

Младите ракометари загубија и од Холандија

Машката ракометна јуниорска  репрезентација на Македонија до 20 години го загуби и третиот натпревар во низа на ЕП во Данска. Нашите млади надежи по поразите од домакинот Данска и од Норвешка,  вчера избраниците на селекторот Јовиќ загубија и од селекцијата на Холандија со резултат 33-30 (17-11). Во оваа селекција има двајца играчи на црвено-црните, иако на почетокот на подготовките стартуваа повеќе момци сепак , селекторот се одлучи да ги изостави и да игра со играчи од неговиот тим каде е тренер Металург(!?) што се покажа дека не носи баш резулати.

Со овој трет пораз, од исто толку натпревари, групната фаза ја завршивме како последни. Ова значи дека нашите момци ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место. Следен наш противник е, репрезентацијата на Шведска.