Иако минаа само неколку денови од стартот на подготовките за новата сезона, сепак стручниот штаб на РК Вардар реши уште од самиот почеток да наметне едно високо темпо, секој тренинг за нашите ракометари. Вчера нашите ракометари, како што можете да забележите на овие фотографии, најпрвин имаа свој тренинг во теретаната во наша сала, а потоа тренингот се префрли и во нашата сала.
Нашите момци со цел да ја дочекаат новата сезона подготвени, работат максимално мотивирано и професионално.