Мечот Вардар-Слога ќе се игра во Струмица под рефлектори, со почеток во 20 часот.
Posted by: М.Т - Лико
01/08/2016
in Прв тим, ФК Вардар
Сеуште е на сила суспензијата за црвено-црните од минатата сезона, па тие ќе мора да го одиграат првото коло од новата сезона 2016/2017 надвор на стадион кој е на 100 километри надвор од Скопје. Вардарци одлучија својот натпревар во рамките од 1. коло во ПМФЛ против екипата на Слога како домаќин да го одигра во Струмица на стадионот „Младост“, стадион кој со капацитет од 6.500 столчиња и на кој има можност да се игра на рефлектори.
Мечот ќе се игра во недела на 7-ми август во вечерен термин под рефлектори со почеток во 20-00 часот. После овој натпревар истекува суспензијата и веќе во второто коло кога повторно сме домаќини вардарци се враќаат на Арената „Филип Втори“ каде во дербито ќе ја нагостат тетовска Шкендија единствениот наш ривал за титулата оваа година. Оваа суспензија е од изматата сезона тогаш исто така ФК Вардар во рамките од претпоследното коло одигра дуел со Слога на неутрален терен како домаќин тогаш во Пробиштип терен кој и сега беше во игра, но поради очајната состајба која настанала во летниот период не беше атернатива. Во тој дуел црвено-црниот шампион го победи противникот со 2:0, победа со кој ја обезбеди 10. шампионска титула.
Slider 2016-08-01