Thursday ,24 September 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар оди по три бодoви во Тетово
Вардар оди по три бодoви во Тетово

Вардар оди по три бодoви во Тетово

Денеска на програмата е седмото коло од првата македонска фудбалска лига. Нашиот шампион, тимот на ФК Вардар, денеска оди на секогаш незгодното гостување во Тетово против тимот на Ренова. Ренова оваа сезона по овие одиграни шест првенствени кола се наоѓа на петтото место на табелата со девет освоени бодови, односно биланс од две победи, три нерешени и само еден пораз и тоа од Работнички со 1-0 во Скопје.

Вардар и Ренова минатата сезона се сретнаа на повеќе наврати. На 21 февруари 2016 година, како домаќини го победивме овој тим со високи 4-1, потоа на 29 ноември 2015, исто така Вардарци како домаќини го победија тимот од Тетово со резултат 2-0. Последен пат овие два тима во Тетово се сретнаа на 20 септември 2015, на тој натпревар резултатот заврши без победник 0-0.

Очекуваме серијата од шест натпревари без пораз да продолжи и денеска во Тетово. Натпреварот започнува во 15 часот и 30 минути.