Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Продолжува победничката серија на генерација “2003“, убедливо совладана екипата на Форца

Продолжува победничката серија на генерација “2003“, убедливо совладана екипата на Форца

Вардаровата генерација родени “2003“ продолжуваат со победи во меѓурегионалната лига. Денес на теренот на академијата нашите млади надежи за противник ја имаа екипата на Форца. Конечниот резултат гласеше 6:1.

vardarfans

Првата прилика за отварање на резултатот ја имаше Марио Петрушевски, но Горазд Гигов беше поуспешен скритувајќи го неговиот удар. Вардарци напаѓаа константно на половината на Форца, но противникот одолеваше на нашите напади. Втор во шанса се најде Дамјан Андреев, но повторно Гигов спречува негатива на неговиот тим. Продолживме со нападите, повторно Петрушевски се обиде со глава, но бие над голот. Иницијативата вроди со плод и конечно успеваме да ја затресеме мрежата на Форца. Денес активниот Александро Прелоговски го отвара резултатот и донесува предност на Вардар од 1:0. На голот претходеше асистанција од Антонио Мирков. Во продолжение од мечот имавме можност од скратен корнер да го зголемиме резултатот, но Антонио Мирков бие високо над голот. По втор пат не грешиме од истата позиција, овој пат голманот Лука Стојковски бие прецизно во долниот лев агол од голот на Форца, за водство од 2:0. Прелоговски денес дефинитивно игра одличен меч, повторно со чуство за игра ја прифаќа топката и ја сместува во голот на Гигов. Резултатот веќе беше 3:0. Форца немаше квалитет, а очигледно ни физичка спремност да се носи со нашиот тим, па шансите пред противничкиот гол се редеа во секоја наредна минута. Убав гол постигна Дамјан Андреев со удар од некаде 20 метри, прецизно под пречката од противничкиот гол. Марио никако не успева да се запише во листата на стрелци, обидувајќи се од скратен корнер, но Гигов ја фаќа оваа топка. На полувреме се замина со резултат 4:0.

vardarfans-luka

На стартот на второто полувреме, тренерот Томче Трајановски направи неколку замени да им даде шанса за игра и на другите играчи кои беа на клупата за резерви. На првиот погодок во вториот дел не се чекаше многу време, кога Дамјан Андреев од еден метар ја смести топката во голот за веќе водство од 5:0. Андреев имаше можност за хет-трик, но неговиот шут од слободен удар завршува во пречката од противничкиот гол. Тренерот Трајановски ја смени комплетната постава на теренот. Нашиот тим направи веќе три корни во овој дел од играта, по што беше досуден скратен пенал. Форца успева да погоди и да го совлада Гоце Јовчев, за намалување на резултатот на 5:1. Противникот имаше уште една убава шанса, но еден играч на Вардар спасува од гол линијата. Марио Петрушевски по неколку обиди успева да погоди за својот прв гол на денешниот меч за веќе убедливи 6:1. Вардар рутинирано го приведе крајот на мечот, за конечни 6:1.

vardarfans-igra

Нова одлична игра за оваа надежна генерација, која ја забележа четвртата последователна победа во меѓурегионалната лига.