Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа за ФК Вардар генер. “2002“ во меѓурегионалната лига

Победа за ФК Вардар генер. “2002“ во меѓурегионалната лига

Денес на академијата се одигра натпревар од меѓурегионалната лига, за генерации родени “2002“ година, помеѓу екипите на Вардар и Форца. Истиот им припадна на црвено-црните со резултат 4:0.

Тренерот Петар Ѓорѓиевски го стартуваше мечот со следниве 11-сетмина: Станковски, Пешовски (c), Асенов, Ѓорѓиевски, Симев, Шабани, Вржалковски, Стојанов, Гугуљанов, Исени, Димитров.

Вардарци на овој меч имаа целосна контрола на играта и заслужено им припаднаа трите бода од овој меч. Андреј Стојанов и Ринор Исени беа првите кои имаа шанса да го отворат резултатот, но нивните удари завршија во пречката од голот на Форца, по што резултатот остана уште оној почетниот. Сепак набрзо успеваме да го отвориме резултатот и да поведеме со 1:0, со голот на Ринор Исени. Имавме можност од скратен корнер да го зголемиме водството, но Вржалковски биеше силно над голот на Форца. Вардарци имаа целосна доминација и посед на топка. Дарко Димитров беше новиот играч од нашите редови кој се закани, но неговиот удар со глава заврши над противничкиот гол. Конечно и екипата на Форца се закани од слободен удар, но топката одеше далеку од голот на Станковски. До крајот на првиот дел немаше некоја посериозна прилика кон двата гола, па на одмор се замина со минимално водство на црвено-црните од 1:0.

14495418_1661336250844092_4345397652629486776_n

Во првите пет минути од второто полувреме успеваме да го зголемиме водството на 2:0, со голот на Дарко Димитров. Измена во второто полувреме на местото на Филип Симев, во игра влегува Бојан Илиев. Нова измена на местото на Гугуљанов, во игра е Веловски. Играта ја напушти Вржалковски, на негово место влезе Величковиќ. Продолжуваат измените во нашиот состав, излезе Исени,а на негово место е Петејчук.

14469641_1661336257510758_4607815272393971857_n

Во следните минути немавме некоја поголема шанса, но паметно ја контролиравме играта по средината на теренот. Нови две измени прави тренерот Петар Ѓорѓиевски. Влегоа Фазлиу и Салиу, на местото на Димитров и Стојанов. Форца имаше голема шанса да го намали резултатот, но за малку топката завршува покрај нашиот гол.Нововлезениот Атом Фазлиу со првиот допир со топката успева да ја претвори во гол и да донесе предност на Вардарци од 3:0. Повторно Фазлиу успева да погоди и да го зголеми резултатот на 4:0. Во продолжение од дуелот одлична одбрана на Станковски, кој спречува почесен гол за Форца. До крајот немаше промени и натпреварот заврши со резултат 4:0.