Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со најсилен состав ќе му се спротивстави на Кристијанштад

Вардар со најсилен состав ќе му се спротивстави на Кристијанштад

Нашиот ракометн шампион денес го игра првиот натпревар во најсилната група Б од лигата на шампиони. Противник ни е екипата на Кристијанштад. Веќе е познат составот на РК Вардар, кој ќе настапи на овој меч

Абутовиќ, Борозан, Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Деревен, Дибиров, Душебаев, Фереира, Карачиќ, Македа, Марсениќ, Милиќ, Шишкарев, Штербик и Стоилов ќе бидат играчите кои треба да донесат прва победа во лигата на шампиони за оваа сезона.

Сите играчи се на располагање со исклучок на Владо Недановски, така на овој меч ќе играме со едно лево крило.