Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се “одлепи“ на плус 4 бода од конкурентот Шкендија, кој одигра само нерешено
Вардар се “одлепи“ на плус 4 бода од конкурентот Шкендија, кој одигра само нерешено

Вардар се “одлепи“ на плус 4 бода од конкурентот Шкендија, кој одигра само нерешено

Пред малку завршија натпреварите во рамките на 16 коло од првата Македонска фудбалска лига. Најголемите претеденти за освојување на шампионската круна во националното првенство, екипите на Вардар и Шкендија ги одиграа своите натпревари.

Највеќе од ова коло профитираше нашиот фудбалски шампион, кој успеаа да се одалечи на четири бода предност пред Тетовска Шкендија. Вардарци забелажаа сигурна победа на арената Филип Втори против Ренова со резултат 2:0. Дербито на колото се играше во Кичево, помеѓу екипите на Шкендија и Rаботнички. Овој дуел заврши без победник со резултат 1:1. Работнички прв поведе на овој меч, но до крајот на првиот дел Ибраими израмни, што подоцна се покажа како конечен резултат. Ова за Шкендија е трет нерешен резултат во низа, откако претходно ремизираа и со екипите на Турново и Ренова. После ова коло Вардар има 39 бода, додека екипата од Тетово 35 освоени бодови. Во среда не очекува реванш мечот од 1/4 на купот, на кој Вардар ќе “брка“ негатива од три гола против споменатиов противник.