На денешниот меч навивачите на црвено-црните верните Комити дадоа поддршка на играчот на вардарци Горан Попов. Навивачите го скандираа неговото име, а следеше и скандирање на “индијанци“. Што беше алудирање на една спорна изјава за која необјективните медиуми на албански јазик се обидоа да ја злоупотребат и да го обвинат нашиот Попов кој после се произнесе дека всушност он бил цел на некорекни дофрлања на дуелот со Шкендија кој се одигра во скопската населба Чаир.
Навивачите на црвено-црните од секогаш важеле за вардарова институција и одсекогаш ги поддржувале и застанувале на страната на својте миленици кога се некорекно напаѓани од медиумите, федерацијата, раководството на клубот и.т.н Покрај ова Комити го скандираа и името на “Петар Милошевски“ , а следеа и стандардните слогани против фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот прв човек Илчо Ѓоргиевски. Комити денес имаа одлично навивање во однос на бројката со која беа присутни, држеа сосема одлично ниво, а за напомена дел од навивачите сеуште не се вратени од Полска каде вчера присуствуваа и дадоа поддршка на ракометниот клуб Вардар во мечот од ЕХФ Лигата на шампиони.