Екипата на ФК Вардар успеа да избори пласман во најдобрите 16 екипи во Купот на Република Македонија, откако денес го елиминираше тимот на Беса, дури после изведување на ударите од белата точка. Во регуларните 90.минути натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1, за во пенал серијата да славиме резултат 5:6.
Васоски со стартуваше натпреварот со следниве 11-сетмина: Галевски (к), Велковски, Глишиќ, Жоглев, Здравковски, Мишковски, Милосавиќ, Николовски, Вецески, Дурански и Цветаноски.
Вардар прв успеа да го отвори резултатот, со удар од белата точка. Се играше 31.минута кога во противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Жоглев, за најстрога казна, а истата во гол ја претвори новото засилување од Србија, Михајло Милосавиќ, за предност од 0:1. Екипата на Беса набргу се врати во игра, и од истава позиција успеа да го израмни резултатот на 1:1, откако Гачевски најпрво го одбрани ударот, но на одбиената топка повторно стигна истиот играч, кој ја затресе нашата мрежа.
Во вториот дел, иако видовме неколку обиди на нашите играчи, сепак немаше нова промена на резултатот, по што се пристапи на изведување на удари од белата точка. Во пенал серијата, единствено само Педрињо не успеаа да реализира и тоа во првата серија, додека сигурни реализатори беа Дурански, Билали, Трајковски, Вецески и Омерагиќ. Филип Гачевски успеа да одбрани два удари на противникот и да биде еден од најзаслужните за пласманот на Вардар во следната елиминациска рунда од Куп натпреварувањето.
Погодоците во регуларниот дел и пенал рулетот можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.
Видео: Gol.mk