Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се пласираше во 1/2 финалето од Купот на Македонија
Вардар се пласираше во 1/2 финалето од Купот на Македонија

Вардар се пласираше во 1/2 финалето од Купот на Македонија

Вардар попладнево го победи тимот на Металург со резултат 4:1 (1:0) и се пласираше во 1/2 финалето од Купот на Македонија. Нашите играчи денеска пропуштија голем број на шанси да дојдат и до поубедлив триумф. Покрај нашиот тим, патници во 1/2 финалето се и: Шкендија, Пелистер и Брегалница.

Вардарци во првиот дел имаа огромен број на шанси, но искористија само една. Првите посериозни закани кон голот на Металург ги упати Асани во 9 и 10 минута од мечот, но и двата негови удари завршија крај голот на противничкиот голман. Потоа во шанса влегоа и Петковски и Глигоров, но и нивните закани останаа неискористени. Во 12 минута Блажевски пропушти голема шанса. Излезе сам пред голманот на гостите го издрибла, но неговиот удар го изблокира еден играч на Металург, а потоа и Фелипе шутираше но и неговиот удар беше изблокиран од самата гол линија. Во 22 минута Фелипе биеше добро, но неговиот удар Лазаревски го изби во корнер. Во 26 минута Вардар дојде до предност од 1:0. Николов доби добра топка, се ослободи од еден противнички играч и силно биеше за предност од 1:0. До крајот на првиот дел Вардарци имаа уште многу шанси но не останаа искористени. Вреди да се напомене дека во 35 минута нашите играчи погодија две стативи во една акција. Најпрвин, Николов биеше во стативата, а потоа и Глишиќ во истата акција ја погоди стативата од голот на Лазаревски.

fkv-blazevskiВо вториот дел во 46 минута на местото на Петковски во игра влезе Балотели. Во 51 минута Вардар дојде и до предност од 2:0. Блажевски одлично додаде до Балотели, кој биеше прецизно за 2:0. Потоа следуваа уште две добри прикики за Вардар. Најпрвин, Велковски биеше од 20-сетина метри, но неговиот удар го одбрани Лазаревски. Две минути подоцна Фелипе му додаде феноменална топка на Блажевски, но овој играч не успеа да постигне подогок, односно неговиот удар го одбрани Лазаревски. Во 61 минута Брдаровски биеше, но само во стативата од голот на гостите. Во 62 минута во Вардар се изврши и втората замена во игра влезе Виктор Велковски на местото на Николов Бобан. Во 68 минута со феноменалниот гол на Фиданоски, Металург намали на 2:1. Во 75 минута во игра влезе и Стојчевски на местото на Асани. Во 80 минута Блажевски по којзнае кој пат денеска излезе сам пред противничкиот голман, но и овој пат не успеа да го совлада.  Во 87 минута Вардар го постигна и третиот погодок денеска. Балотели беше стрелец на овој гол. Во 91 минута Балотели постигна уште еден погодок денеска за веќе 4:1. Со овој резултат и заврши натпреварот.