Во текот на изминатите два викенда во три натпреварувачки дена во спортската сала “Кале“ во Скопје се одигра комплетното 5.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Се играа голем број на мечеви, од сите ние директно од местото на настанот ве известувавме со извештаи во текот на двата викенда. Покрај тоа, ви донесовме и неколку фотогалерии од мечевите. Во продолжение погледнете ги табелите по одиграните 5.кола и резултатите од последниот круг.
