Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Продолжуваат напорните тренинзи и во Скопје
Продолжуваат напорните тренинзи и во Скопје

Продолжуваат напорните тренинзи и во Скопје

Откако помина слободниот ден, денес момците се вратија кон своите обврски, и тренинзите, за што е можно подобра подготовка како на физички, така и на тактички план за натпреварите со кипарски Апоел.
Агендата на тимот е вообичаена, денес момците имаат напорен тренинг, a од утре екипата ќе продолжи со два тренинга, исто како и во Австрија, еден во раните утрински часови, а друг во попладневните часови.

Можно е Вардар да одигра уште еден тест меч пред заминувањето за Кипар.
Исто така сеуште не е познато на која дата ќе се замине за Кипар. Со оглед на фактот што климата, и влажноста на воздухот не се на страната на нашиот тим, би требало да се замние два три дена пред настапот за Кипар.