Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лука Циндриќ ќе биде последното засилување за црвено-црните
Лука Циндриќ ќе биде последното засилување за црвено-црните

Лука Циндриќ ќе биде последното засилување за црвено-црните

Ако постоеше некаква дилема, околу тоа кој ќе биде новиот среден бек во Вардар тоа веќе не постои. По заминувањето на Немања Прибак во Бешикташ, испразнетата позиција ќе биде пополнета со Лука Циндриќ. Иако само неговиот трансфер сеуште не е потврден официјално од клубот, тоа треба да се случи во изминатиов период. Циндриќ заедно со Карачиќ ќе го понесат товарот, како главни организатори на играта.

Лука е млад перспективен играч, кој има само 22 години во кој Хрватска гледа како голем потенцијал. Пред да дојде во Металург, настапуваше за екипата на Карловац каде беше најдобар стрелец и асистент во сезоната 2012-2013 и на полусезоната 2013-2014. Ракометната кариера ја започнува во Огулина, продолжува две сезони во Сењ, пред да премине во Рк Карловац. Интересно е тоа дека паралелно тренирал ракомет и фудбал, па по совет на неговиот татко Дражен Циндриќ кој бил ракометен тренер се одлучил за ракометот. Минатата година доби повик од Голужа да настапува за Хрватската сениорска репрезентација. Претходно беше дел од јуниорите со кои на светското првенство во БиХ во 2013 година го освојува четвртото место.

Червар го препознава неговиот потенцијал и го донесува во Автокоманда, каде не се задржа долго време. Во сезоната 2013/2014 постигнува 28 гола во ЛШ за тимот на Металург. Веќе следната сезона, се задржува само една полу-сезона, после тоа следуваше финансиска криза која го стресе клубот. Тој период го заврши со вкупно 17 погодоци во ЛШ. Тој како и повеќето ракометари ја напуштаа екипата од Автокоманда. Подоцна Циндриќ станува слободен играч, откако добива раскин на договорот од страна на ЕХФ.

Лука решава следната негова дестинација да биде повторно Скопје, но овој пат во црвено-црниот дел од градот. Се надеваме дека ќе имаат одлична соработка со Карачиќ и достојно ќе ги брани боите на Вардар. Се чека уште официјална потврда од клубот за верноста која Циндриќ ќе ја потпише со црвено-црните.