Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се враќа на Градски!
Вардар се враќа на Градски!

Вардар се враќа на Градски!

Најтрофејниот и најпознатиот македонски фудбалски клуб Вардар и дефинитивно се враќа на Градскиот стадион во Скопје каде ќе ги игра домашните натпревари сезонава, која започнува идната недела.

Иако Вардар се враќа на Градски, сепак, првото коло ќе мора да го одигра на друг стадион (веројатнo на ФФМ за да има ТВ пренос) бидејќи идниот викенд во Скопје се одржува Европско екипно првенсво во aтлетика.

Значи, според планот, Вардар на Градски се враќа на 25 август за градското дерби со Работнички.

Распоред на првите пет кола од ПМФЛ:

ВАРДАР – Македонија Ѓ.П.
Борец 1919 – ВАРДАР
ВАРДАР – Работнички
Ренова – ВАРДАР
ВАРДАР – Струга Трим Лум