Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Чурлинов, Колашинац, Фазлагиќ, Антовски и ред други играчи… кои биле дел од Вардар, а денес настапуваат за познати екипи во Европа
Чурлинов, Колашинац, Фазлагиќ, Антовски и ред други играчи… кои биле дел од Вардар, а денес настапуваат за познати екипи во Европа

Чурлинов, Колашинац, Фазлагиќ, Антовски и ред други играчи… кои биле дел од Вардар, а денес настапуваат за познати екипи во Европа

Фудбалскиот клуб Вардар како најголем спортски бренд во Македонија од секогаш има голем број на талентирани играчи во младинската школа. Некои од нив, денес се и големи играчи во познатите клубови низ Европа. Напомена, тоа не се играчи кои водат потекло од Вардар, збориме за сите кои настапувале во клубот, а во продолжение ви претставуваме неколку од нив.

Секако најголемиот бисер кој го имал Вардар е несомено Дарко Чурлинов, кој моментално е дел од првиот тим на Келн, кој се натпреварува во најсилната бундес-лига. Даре беше и најмладиот сениорски репрезентативец на Македонија, со само 16 наполнети години го облече дресот на Македонија, а има настапувано и за сите младински селекции на нашата држава. После турнирот на пријателство кој се одржа во БиХ, во 2014 година, каде Чурлинов го имаше последниот настап за Вардар, скаутите од Европа кои присуствуваа на споменатиов турнир, го препознаваат играчот како надежен, па се решаваат да го доведат во Келн.

42406290_1142597892557113_2551306527688359936_n

Вчера објавивме уште еден голем трансфер на играч кој бил дел од Академијата на Вардар. Се работи за напаѓачот Марко Ѓорѓиевски, кој цели 13 години беше дел од младинските екипи на Вардар, играч кој важел за најдобар стрелец во редовите на клубот.Марко кој доаѓа од Драчево, од каде и потекнува, започнува да игра фудбал во неколку школи од родното место, за во 2003 година да дојде во Вардар. За жал не останува до крајот во клубот, се решава да замине, минатата сезона ја помина како дел од второлигашот Борец, за пред два дена да потпише договор на четири години со екипа која се натпреварува во најсилната лига во Србија, тоа е тимот на Вождовац. Инаку Ѓорѓиевски е стандарден репрезентативец на Македонија до 19 години.

1524682_536966186423946_117729426_n

На сликава се Дарко Чурлинов и Марко Ѓорѓиевски ( стојат, трети играч од лево-Марко и трети играч од десно-Чурлинов.

Ердон Даци, уште еден играч кој ги има поминато сите младински категории на Вардар, моментално игра во Турција, за екипата на Коњаспор. Претходните две години, напаѓачот настапуваше за младинскиот состав на клубот, па откако ја доби довербата, од Коњаспор се решија да му понудат професионален договор, кој Даци го прифати, потпишувајќи до 2023 година.

224421_416521258407152_659994921_n daci-2 erdon-daci-3

Амар Колашинац, исто така поранешен играч на Вардар, моментално настапува во екипата на Олимпија од Словенија, со која потпиша професионален договор за наредните три години. Се работи за офанзивен играч, кој во минатото има настапувано за младинските категории на Вардар.

amar_kolasinac-204751 kolasinac-1 kolasinac-2

Последните од низа играчи, кои биле дел од Вардар, а сега настапуваат за други попознати клубови, се Филип Антовски и Тодор Тодороски кои настапуваат во првенството на Хрватска. Антовски е дел од вториот тим на Динамо Загреб, додека Тодороски доби шанса за настап во првиот тим на Осијек, откако претходно настапуваше за вториот тим на хрватскиот клуб. Се работи за млади и надежни играчи кои играат на бековските позиции.

365527012049849208613339154880953100009472o todoroski

Уште еден бисер, со кој можеме да се пофалиме дека го носел дресот на Вардар, е Енис Фазлагиќ, кој подоцна преминува во Шкендија, за денес да биде дел од тимот на Жилина, во првенството на Словачка. Се работи исто така за репрезентативец во младинските селекции на Македонија.

67401626_466187424160600_60177096021901312_n

Ова се само дел од играчите кои во минатото го носеле црвено-црниот дрес, а денес се дел од познати екипи низ Европа.