Македонија за жал со минимален пораз го отвори ЕХФ Шампионатот во Италија. Домаќинот не совлада со минимални 24-23 на овој прв дуел за девојки до 17.години.
Дуелот започна со по две промашени шанси, домаќинот во првата погоди крај голот во втората Грујовска Симона одбрани, но ние два пати ја погодивме стативата. Италија со два гола поведе со 2-0, веднаш преку Седлоска ја намаливме предноста на половина. Домаќинот имаше подобра реализација на отиде и на плус пет, 8-3. По нова одбрана на Грујовска, Јанкуловска намали на 8-4 точно на средината од првиот период. Потоа италјанките водеа и со 10-54, тоа беше првпат да отидат на плус шест. Ние влеговме во мини серија 1-3, најпрвин по прекршок над Сара Миновска, од пенал погоди Седлоска. Потоа, одлево прекрасно стрелаше Миновска, во одбраната Грујовска фати „зицер“, веднаш тргнавме во контра па специјалистот за дефанзива, Гроздановска Ангела стрелаше за 11-7. Во последните десетина минути влеговме со голема негатива, на семафорот беше 13:8, по што повторно видовме блесок на македонската селекција. Најпрвин со прекрасно свртување пикерот Ивана Џатевска погоди, потоа Грујовска имаше две одбрани. Тоа во напад беше наградено, нововлезената Ана Марија Коларовска успеа во нејзин стил да ја мине одбраната и да погоди потоа стрелаше Јанкуловска за 13-11. До крајот двата тима погодија по уште еднаш, (14-12) Италија имаше последен напад кој не го претвори во гол поради одличната интервенција на нашиот голман кој во првиот дел имаше 8.одбрани.
Втортиот дел почна катострофално, домаќинот се одлепи на 17-12 во 34.минута, на нас не ни одеше играта во двата правци. Успеавем да влеземе во серија, потоа иста како домаќинот па со 0-3 намаливме на 17-15 во 38.минута. Италјанките не се предаваа врзаа два гола за предност од 19-15, тогаш повторно ние се издигнавме. Седлоска погоди од игра и од пенал кој беше направен на Костовиќ, Грујовска повторно одбрани и повторно Седлоска беше ефикасна за само гол негатива 19-18. Домаќинот врати со гол за 20-18, но нова вардарка стапи на сцена Катерина Дамјановска стрелаше за 20-19. Шанса за изедначување пропуштвме на 21-20, кога нововлезената Јована Трајкоска одбрани, во напад ние само ја погодивме стативата. Во последните четири минути влеговме со резултат 23-22, по погодокот на Мими Петковска. Јована Трајкоска имаше две одбрани, тоа од пенал го награди Седлоска за 23-23. Во последните минути влеговме со резултат 24-23, успеавме да обезбедиме напад за изедначување подолг од 40секунди. Во првиот обид блокот по ударот на Седлоска исфрли во корна, во следниот обид истиот играч поради притисокот од немањето време шутна брзоплето, што беше лесен цел за противничката одбрана да блокира.
Симона Грујовска имаше 10 одбрани, Јована Трајкоска имаше три одбрани. Дури седум вардарки имаа погодоци од кој Седлоска се издвои со 9 која доби мвп-признанија во нашиот тим. Листата на стрелци погледнете во продолжение;