Вчера, кадетската селекција на Македонија за жал со минимален пораз го отвори ЕХФ Шампионатот во Италија. Имавме шанса за реми, но го промашивме последниот напад па домаќинот не совлада со минимални 24-23. Дури седум вардарки „стрелаа“ и тоа 15.пати, а двете голманки дојдоа до бројката 13 одбрани. Симона Грујовска имаше 10 одбрани, а пак Андреа Седлоска погоди 9.пати. Во продолжение фотографии од првиот дуел.