Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се враќа на сцена!!
Вардар се враќа на сцена!!

Вардар се враќа на сцена!!

Конечно, утре по пауза од речиси два месеци се враќаат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија. Утре стартува пролетната етапа со еден натпревар и тоа на нашиот миленик, лидер на табелата и најтрофеен фудбалски клуб, Вардар.

Вардарци утре ќе ја пречекаат екипата на Македонија ЃП и со самото тоа ќе ја започнат одбраната на есенската титула и атакот на шампионската. Како што е добро познато утре Васоски во тимот ќе го нема најдобриот стрелец Аврамовски, но сите други играчи се подготвени за игра и за победа.

Затоа, утре, дојдете сите на Градскиот стадион во Скопје од 14.00 часот да се радуваме на голема победа и да ја продолжиме низата на непобедливост на домашен терен со нови три бода.

Веројатен состав: Гачевски, Новак, Тошевски, Младеновски, Брдаровски, Жуниор, Адем, Мицевски, Најдовски, Цветаноски, Ибиши.