Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2009 со нови две победи го освои првото место во групата и обезбеди 1/2 финале на „Пирин Куп“
ФК Вардар генер. 2009 со нови две победи го освои првото место во групата и обезбеди 1/2 финале на „Пирин Куп“

ФК Вардар генер. 2009 со нови две победи го освои првото место во групата и обезбеди 1/2 финале на „Пирин Куп“

Генерацијата 2009 на фудбалскиот клуб Вардар успеа да се пласира во полуфиналето на меѓународниот турнир „Пирин Куп“. Избраниците на Никола Глигоров ги добија и денешните два дуели и со максимален број на освоени бодови го освоија првото место во групата.

Во рамките на третото коло за противник го имавме тимот на Ферион, кој го совладавме со резултат 6:1. Јаков Стојковски беше играчот кој успеа да го отвори резултатот за водство на Вардар од 1:0, но противникот се врати во игра кога израмни на 1:1. Сепак тоа беше се што успеа да стори екипата од Бугарија. Црвено-црните доминираа на теренот, имаа целосен атак кон противникчкиот гол, а на крајот дојде и убедливата победа. Предноста за 2:1 ја врати Матеј Крстевски, а следниот период во главна улога беше Васко Папалиски кој успеа да постигне хет-трик, со негови три последователни голови, Вардар веќе имаше високо водство од 5:1. До крајот на мечот постигнавме уште еден гол, истиот беше дело на Сулејман Качман кој ги постави конечните 6:1 на овој натпревар.

86705630_2822595167809979_328049975730634752_o

Во последното коло од групната фаза се сретнавме со екипата на Брестник, од која исто така бевме подобри совладувајќи ја со резултат 4:0. Екипата од Бугарија даде отпор само во првото полувреме, кога резултатот беше 0:0. Со голот на Васко Папалиски поведовме со 1:0, додека предноста за 2:0 ја удвои Јаков Стојковски. Противникот немаше шанса со разиграните вардарци, кои покрај постигнатите голови создадоа уште неколку добри шанси за постигнување на голови. Со вториот гол на Папалиски веќе имавме и водство од 3:0, додека конечните 4:0 на овој дуел ги постави Дарин Михајловски.

На тој начин генерацијата 2009 на Вардар со четири победи од исто толку мечеви го освои првото место во групата. Утре не очекува полуфиналето, додека евентуалното финале ќе го одиграме во недела.