Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Полуфинале на „Пирин Куп“ за момците на Рап-Тап, пом.пионери завршија како први во групата
Полуфинале на „Пирин Куп“ за момците на Рап-Тап, пом.пионери завршија како први во групата

Полуфинале на „Пирин Куп“ за момците на Рап-Тап, пом.пионери завршија како први во групата

Помладите пионери на ФК Вардар ќе играат во полуфиналето на турнирот „Пирин Куп“ откако денес ги добија и останатите два меча во групата. На тој начин со три победи од исто толку натпревари го освоивме првото место во групата Б.

После воведната и убедлива победа против екипата на Хебар, денес момците на Сашо Тодоровски стигнаа уште до два триумфи. Најпрво во рамките на 2.коло дојдовме до минимална победа од 1:0 против екипата на Димитровград. Играч на одлука беше капитенот, Давид Љушев, кој ја затресе противничката мрежа и донесе победа за Вардар.

84610499_535017033807519_7985854103311876096_n

Вардар: Ангелов, Каровски, Љушев (c), Милошевски, Ричков, Хајдари, Здравковски, Стоимов, Анчевски, Ибраим, Перковски.

Во игра влегоа и Попов, Цехов, Ивановски и Крстевски.

Во последното коло од групната фаза, силите ги одмеривме со екипата на Черноморец Бургас, од која бевме подобри со резултат 2:0. Одигравме онолку колку што е потребно за да стигнеме до нова победа, овој пат со резултат 2:0. Стрелци на головите беа Горазд Попов и Левент Ибраим.

Вардар: Ангелов, Каровски, Љушев ( c), Милошевски, Ричков, Хајдари, Здравковски, Стоимов, Перковски, Ибраим, Попов.

Влегоа уште и Цехов, Анчевски, Ивановски и Крстевски. Во текот на утрешниот ден на програмата е полуфиналниот меч против екипата на Арда.