Утре ФК Вардар го игра последниот натпревар оваа есен. За противник на нашиот тим ќе биде тимот на Силекс од Кратово. Екипата на Силекс одигра една одлична полусезона во ПМФЛ, го зема ”скалпот” на многу по квалитетни екипи, последен случај беше тимот на Шкендија, кратовчани минатата неделела го одиграа безпрекорно тој натпревар и победија со 3:1. ФК Силекс моментално се наоѓа на 3-та позиција на табелата, што за нив значи и повеќе од одлична есен.
Но кратовчани нема да застанат тука, најавуваат нова голема борба и против шампионот на Македонија. Но, ние сме ФК Вардар одиме на победа секој натпревар, па веќе време е да ја преќинеме црната серија од порази против Шкендија, и ремито против Работнички. Некако традиција стана ФК Вардар есенска или шампионска титула да слави против Силекс, така ќе биде и овој пат. Натпреварот започнува утре со почеток во 13 часот во (Велес)