Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар одигра само 0-0 со Слога во Чаир
Вардар одигра само 0-0 со  Слога во Чаир

Вардар одигра само 0-0 со Слога во Чаир

Денес во скопски Чаир се одигра десеттото коло во првата македонска фудбалска лига помеѓу Слога и ФК Вардар. Нашите момци влегоа во овој дуел како лидери на табелата. Ние за жал одигравме само 0-0 на овој меч.За нас стартуваа следниве играчи:  90. Гачевски, 32. Глишиќ, 6. Грнчаров, 77. Брдаровски. 21. Новак, 8. Спировски, 14. Велковски (од 59 мин. 87. Грозданоски), 70. Фелипе, 20. Николов (од 72 мин. 16. Глигоров), 10. Којашевиќ, 80. Обрегон (од 46 мин. 9. Блажевски).

Прва прилика имаме преку   Којашевиќ  кој во 2.минута центрираше од левата страна после кој Грнчаров се обиде со глава, но одбрани Зендели. Минута потоа  Обрегон се најде во добра позиција сепак  Зандели  успеа да одбрани  и исфрли во корнер. Во 7 минута прилика имаше Слога, сепак Гачевски беше на висината на задачата во овој случај. Тој успешно го спаси својот гол и десет минути потоа кога домашните имаа уште една прилика. Во 23 минута забележуваме одлична шанса за нас,  Велковски го проигра Којашевиќ кој што од десетина метри шутираше, одбрани Зендели во корнер. Корнерот го изведе Којашевиќ до Грнчаров чиј обид со глава оди над голот. Имавме желба и  инцијатива за  водство во продолжение. Во 35 минута одлично нафрли  Којашевиќ од слободен удар до  Николов кој со глава оди над голот.

Вториот дел го почнавме со измена во нападот  Џон Обрегон го напушти теренот , апак во игра влезе Дејан Блажевски кој веќе во 52 минута забележа шанса. Тој беше во соло продор од левата страна сепак не успеа да погоди. Во 62 мина Блажевски од 20 метри, Зендели брани во корнер. Од корнерот нафрли Којашевиќ до Блажевски кој со петица се обиде, но Зендели одново во корнер. За одбележување е и 68мин кога Спировски од 35 метра се обиде сепак не успеа да погоди. Седлоски ги повлекува двата потега кој му преостануваат од клупата Николов го заменува  Глигоров и Грозданоски влегува на место на Велковски. За одбележување во финишот беше 86 минута кога  упати -шут  Спировски од слободен удар, само крај голот.  Сепак мечот заврши нерешено 0-0.