Денес во спортскиот ракометен центар Јане Сандански не очекува нов ракометен спекктал. Вардарци ќе ја “бркаат“ четвртата победа во најголемото ракометно натпреварување. Екипата на Пик Сегед е следен наш противник во лигата на шампиони.
Црвено-црните се наоѓаат во одлична форма, имаат седум последователни победи во сеха лигата и три во ЛШ, што говори за победничкиот ритам во кој се наоѓаат избраниците на Раул Гонзалес. Со денешниот противник игравме и минатата сезона во најсилната група. Тогаш на двата натпревари забележавме победи. Во екипата на Пик Сегед го нема ударниот бековски тандем од минатата сезона. Се работи за Габор Анчин и Деан Бомбач кои го напуштија клубот. Едниот замина во лутиот ривал, екипата на Веспрем, додека Бомбач се пресели во тимот на Киелце. Сепак во тимот на почетокот на сезоната пристигнаа репрезентивците на Словенија, Стас Скубе и Марио Состариќ и репрезентативецот на Хрватска, Денис Бунтиќ кој дојде од актуелниот европски шампион. Најголема опасност за нашиот тим би требало да биде крилото Јонас Калман, кој е стандарден репрезентативец на Шведска. Во досегашните три одиграни кола во најсилната група В забележаа по една победа, нерешен резултат и пораз. Хендикеп за Пик Сегед на денешниот меч е неиграњето на поранешниот Вардарец, рускиот репрезентативец Сергеј Горбок кој доби скршеница на носот на претходниот натпревар за неговата екипа. Сепак се работи за одличен тим кој последниве години многу вложува во играчкиот кадар и кој е во сенка на екипата на Веспрем, која владее во Унгарија, иако Пик Сегед знае секогаш да направи проблеми на големите екипи. Така беше и на минатосезонскиот меч во Скопје, кога Унгарците добро не “испотија„ за да стигнеме до триумф.