Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Четврта последователна победа за кадетките на Вардар СЦЈС, Јована Мицевска со ново одлично издание на голот
Четврта последователна победа за кадетките на Вардар СЦЈС, Јована Мицевска со ново одлично издание на голот

Четврта последователна победа за кадетките на Вардар СЦЈС, Јована Мицевска со ново одлично издание на голот

Кадетките на ЖРК Вардар СЦЈС стигнаа до нова, вкупно четврта победа во кадетската лига. Денес во спортско рекреативницот центар Кале, избраничките на Платон и Кузмановска ја победија екипата на Лихнид.

Гостинките први постигнаа гол и го отворија резултатот. Уште од самиот старт Вардарки дадоа до знаење дека противникот нема што да бара на овој меч и дека бодовите ќе останат во Скопје. Во десеттата минута од мечот имавме предност од 6:3. На голот денес ја имавме одличната Јована Мицевска, која сме навикнати да ја гледаме во одлично издание во дресот на Вардар. Таа беше еден од клучот за денешниот триумф и играчот кој имаше голема улога во зголемување на предноста на Вардарки. Долго време го одржувавме ова највисоко водство од три погодоци, до моментот кога успеваме да направиме серија од три последователни гола и сериозно да се одлепиме од противникот. На неколку минути пред крајот на првиот дел имавме водство од 13:7. До крајот на првиот дел, Лихнид постигна еден гол повеќе од нас и на одмор се замина со резултат 14:9.

vardarfans-micevska

Вардарки и во второто полувреме го контролираа резултатот и не дозволуваа работите да излезат од колосек. Сите дилеми околу конечниот погодок беа решени, кога при резултат 16:12 нашиот состав направи серија од четири погодоци и зголеми на 20:12. Последните пет минути беа чиста рутина, што ни дозволи и малку да се опуштиме. Тоа го искористи гостинскиот тим за да постигне четири голови во серија и да го заврши мечот со достоен пораз од 20:16.

Во нашиот состав најефикасна беше крилото Бојана Диневска со 6 голови, додека Ива Цветковска беше втор стрелец со 5 погодоци. Јована Мицевска имаше 25 одбрани, од кои четири беа од седум метри.

ВАРДАР СЦЈС: Бабунска, Ивановска, Дамовска, Паланковска, Танчева 2, Нелоска 2, Величковска, Мицевска, Атанасова 1, Трпевска 1, Митровска, Трајкова 1, Диневска 6, Сандева, Блажевска 2, Цветковска 5.