Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Индира Кастратовиќ не е повеќе шеф на стручниот штаб во ЖРК Вардар
Индира Кастратовиќ не е повеќе шеф на стручниот штаб во ЖРК Вардар

Индира Кастратовиќ не е повеќе шеф на стручниот штаб во ЖРК Вардар

Индира Кастратовиќ не е повеќе тренер на нашиот женски ракометен шампион. Ова пред малку го соопштија од официјалната страна на клубот во која се вели дека клубот и Кастратовиќ спогодбено ја раскинале соработката. Кастратовиќ на клупата на Вардар беше четири сезони, каде четири првенствени титули и една во купот на Македонија. Во лигата на шампиони на три пати го освојуваше бронзениот медал со Вардарки. Се додека не се пронајде алтернативно решение, екипата ќе ја предводи довчерашниот помошник, Аце Станковски.

После нерешениот резултат против ФТЦ Будимпешта, стигна вест дека Кастратовиќ повеќе не е дел од функцијата шеф на стручниот штаб. Во наредниов период клубот треба да пронајде тренерско име кој ќе замени Индира на клупата.