Денес во градот Охрид се одигра ново коло во фудбалската “Јуниор“ лига. На него настапија и Вардаровите генерации родени “2004“ и “2006“ година. Двете наши екипи одиграа по еден натпревар и забележаа победи.
Избраниците на Ане Андовски ја продолжуваат серијата на победи и во “Јуниор“ лигата. Оваа генерација игра одлично во детската лига, каде има максимален број на освоени бодови. Последниот триумф беше вчера кога го совладаа својот противник со резултат од 25:0. Денес силите ги одмерија со екипата на ФК Прилеп, забележувајќи триумф со резултат 4:0. Матео Софијаноски постигна хет-трик, додека еден гол беше дело на Теодор Перковски.
Победа во денешното коло оствари и генерацијата која ја предводи Филип Арсовски, момчиња родени “2006“ година. Тие одиграа меч со екипата на Еврофудбал-Вардар од Охрид и славеа триумф со резултат 5:0. Пет различни играчи се запишаа во листата на стрелци на денешниот меч. Стефан Коловски, Давид Голубов, Михаил Танчев, Дамјан Крстевски и Олег Михајловски ги постигнаа головите.