Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Уште една лекција за Гостивар, Леонид Игнатов со хет-трик и донесе пласман на генер. “2002“ во следната рунда од купот
Уште една лекција за Гостивар, Леонид Игнатов со хет-трик и донесе пласман на генер. “2002“ во следната рунда од купот

Уште една лекција за Гостивар, Леонид Игнатов со хет-трик и донесе пласман на генер. “2002“ во следната рунда од купот

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2002“ година се пласираа во четвртфиналето на националниот куп, откако денес на реваншот во Гостивар и по втор пат ја победија истоимената екипа. Само да потсетиме по првиот меч одигран во Скопје нашите млади надежи имаа предност од 2:1.

И на денешниот дуел кој се одигра во Гостивар бевме далеку подобри од противникот. По првото полувреме имавме минимално водство од 0:1 со евро голот на Дамјан Трајановски, кој речиси од 30 метри ја искина мрежата на Гостивар. Уште по првиот дел имавме добар резултат, кој ни влеваше големи надежи дека ќе излеземе како севкупен победник во овој двомеч со екипата на Гостивар.

Сите работи беа јасни на стартот на второто полувреме, кога со првиот денес погодок на голгетерот Леонид Игнатов успеавме да поведеме со 0:2. Сепак противникот не се откажа и го искористи опуштањето во нашите редови и успева најпрво да намали на 1:2 а потоа и да го израмни резултатот на 2:2. По советите од тренерот Ѓорѓиевски дека треба до крај да се одработи натпреварот, Вардарци тргнаа во целосна офанзива кон голот на Гостивар. Повторно на сцена стапува Леонид Игнатов кој ги постигнува два нови погодоци и става точка на овој натпревар. Конечниот резултат е 2:4 и со севкупен резултат од 6:3 оваа Вардарова генерација се пласираше во следнат рунда од националниот куп.