Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Нерешен резултат на пионерите на РК Вардар и Аеродром, во една возбудлива завршница нашите надежи испуштија победа
Нерешен резултат на пионерите на РК Вардар и Аеродром, во една возбудлива завршница нашите надежи испуштија победа

Нерешен резултат на пионерите на РК Вардар и Аеродром, во една возбудлива завршница нашите надежи испуштија победа

Утрово во спортскиот рекреативен центар Кале се одигра натпревар во конкуренција на пионери, помеѓу машките ракометни екипи на Вардар и Аеродром. Во една интересна завршница мечот заврши со нерешен резултат од 16:16.

Натпреварот започна со гол на Вардар и почетно водство, по што следеше израмнување. Избраниците на Андријана Будимир уште на почетокот успеваат да се одлепат резултатски и со три последователни гола да зголемат на 4:1. Тоа беше знак за противничката екипа да повика минута одмор. Во овој период од играта следевме мал број на погодоци, двете екипи влегуваа во грешки, а голманите на двете екипи имаа добри одбрани. Црвено-црните уште еднаш поведоа со 6:3 и го одржаа ова водство до крајот на првото полувреме. На одмор заминавме со предност од два гола, или резултатот на семафарот по 20 минути игра беше 7:5.

vardarfans-igra

Одлично го стартувавме вториот дел, каде за неколку минути успеваме да направиме серија од 3:0 и да се одлепиме со сериозна разлика од противникот, во тие моменти имавме предност од највисоки пет голови разлика (10:5). Одбраната беше на високо ниво, а во нападот брзо реализиравме. Кога помисливме дека работите ќе тргнат во позитивна насока, следи демант од екипата на Аеродром која враќа со серија од 1:5 и намалува на само еден гол негатива 11:10. Нашиот тренер веднаш повика тајмаут за да ги смири момците. После ова се враќаме психички во мечот и успеваме осум минути пред крај да имаме водство од 14:11. Во тие моменти Вардар беше многу побллиску до победата. Несфатлив пад во нашата игра што му овозоможува на Аеродром да изедначи на 15:15. После израмнување двете екипи не успеаа цели пет минути да го пронајдат патот кон една од мрежите. Црвено-црните постигнуваат гол за 16:15, гостите имаа последен напад на 55 секунди до крајот. Ние успеваме да се одбраниме и повикуваме тајмаут на 12 секунди пред крајот. Изведовме напад, но направивме грешка ја изгубивме топката и направивме фаул, што беше престрого санкциониран со црвен картон и директен удар од седум метри. Тоа го искористи екипата на Аеродром, кој успешно го реализираа за конечен резултат од 16:16.

Голем пропуст на судиската двојка која реши на најостар начин да го регистрира нашиот прекршок по загубената топка.

Вардар: Мишевски, Чакалиќ 1, Павловски 1, Трајковски 1, Жерновски, Танев 2, Ангеловски, Петков, Димитриевски 5, Чорогунов, Србиновски 1, Грујоски 1, Трајковски, Савевски 4, Димчевски, Мирчевски