Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Утрешниот натпревар низ директен ТВ пренос
Утрешниот натпревар низ директен ТВ пренос

Утрешниот натпревар низ директен ТВ пренос

За ФК Вардар нема време за голем одмор, играчите на Јаневски по неуспехот во Норвешка, сега се вртат кон настапите во домашниот шампионат. Утре Вардар на домашен терен ќе го пречека градскиот ривал, тимот на Слога.

Овој натпревар ќе биде одигран со почеток во 15 часот, сите љубители на Вардар кои нема да можат да дојдат на Градски, ќе имаат можност и овој меч да го проследат низ директен ТВ пренос на Нова.

Се надеваме на позитивен резултат и освојување на планираните три бодови од утрешниот натпревар против секогаш незгодниот тим од Чаир.