Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2009“ во денешното коло од детската лига
Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2009“ во денешното коло од детската лига

Победа и пораз за ФК Вардар генер. “2009“ во денешното коло од детската лига

Денес на терените на ФК Работнички, генерацијата на Вардар родени “2009“ година го одиграа второто коло во детската лига. Избраниците на Златко Таневски забележаа половичен успех од една победа и пораз.

Вардар (2) иако водеше со резулат 2:0, сепак со пресврт во второто полувреме екипата на Куманово 2012 успеа да забележи триумф. Младите Вардарци имаа поголем дел од играта во првиот дел, во кој најрасположен за игра беше Јаков Стојковски, кој ја погоди стативата од голот на Куманово. Сепак добрата игра Вардар ја круниса со гол откако за водство од 1:0 погоди Максим Павловски.

vardarfans-2

Истиов играч повторно се обиде, но овој пат одбрани противничкиот голман. Црвено-црните набргу постигнаа и нов гол во мрежата на Куманово, а стрелец е Јаков Стојковски, за предност од 2:0. До крајот на првото полувреме, противникот успева да постигне гол и да го намали резултатот на 2:1.

vardarfans-1-mec

Во вториот дел тренерот Таневски им даде шанса за настап на сите играчи, па на теренот излезе комплетно друга постава на Вардар. Тоа го искористија Кумановчани за да направат пресврт и на крајот да триумфираат со резултат 2:3.

22045992_10210457436734402_4458536153927672317_n

Вардар (1) пак беше подобар во дуелот со екипата на Њу Старс, каде издвојувавме триумф со резултат од 4:1. Интересно овој резултат беше актуелен и по првото полувреме. Вардар беше подобрата екипа на теренот и зслужено стигна до победа. Резултатот за наше водство од 1:0 го отвори Андреј Гудов.

vardarfans-pobeda-so-nju-stars

Покажавме борбеност, а на моменти и добро организирани акции од младите Вардарчиња. Вардар зголемува на 2:0 со голот на Вилијам Ангеловски. Следните минути се за Матеј Крстевски, кој успеа да постигне два последователни голови и да зголеми на 4:0. Њу Старс постигна гол за намалување на 4:1, што на крај се покажа како конечен резултат.

vardarfans-vardar-1

vardarfans-naslovna-2