Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ремизираше со Словачко, деби на Харуна
Вардар ремизираше со Словачко, деби на Харуна

Вардар ремизираше со Словачко, деби на Харуна

Вардар одигра нерешено 2:2 со тимот на Словачко. Иако Вардар два пати водеше, чешкиот тим успеа на два наврати да се врати. На денешниот дуел шанса добија голем број на млади играчи, додека пак првотимците се одмараа за мечот утре против Дукла. На денешниот дуел 45. минути одигра и Харуна.

Вардар од првата шанса дојде до гол, Стојчевски во 7.минута одлично биеше од 20-сетина метри и со еден прецизен удар го совлада голманот на Словачко за предност на црвено – црните. По голот Вардар продолжи да игра допадлив фудбал, за одбележување беше нова шанса во 17. минута, Цветаноски биеше по земја за малку крај голот на противникот. По 25. минута тимот на Словачко ја презема иницијативата а Вардар застана. Во 29. минута чешкиот тим ја имаше првата добра шанса на овој меч, со глава биеше противнички играч од неколку метри а Алексовски добро одбрани и одби во корнер. До крајот на првиот дел Вардар не створи шанса за гол, по еден неопасен центаршут во 42. минута Словачко израмни на 1:1, лоша проценка на топката имаше нашиот голман тоа го искористи еден противнички играч за израмнување.

27336256_1597440167017658_4093244658268617850_n

Во 46. минута деби натпревар во дресот на Вардар запиша Харуна кој е на проба, влезе на местото на Бериша. Првите 15-сетина минути од вториот дел минаа без шанси на двете страни, Вардар ја имаше топката во свој посед но не се закани кон голот на противникот. Во 69. минута кај Вардар влезе Колевски на местото на Тодоровски. Првата шанса во вториот дел дојде дури во 70. минута, еден играч на Словачко од само седум-осум метри биеше високо над голот на Алексовски. Гооол, во 71. минута Вардар дојде до ново водство овој пат од 2:1 со голот на Максимов кој биеше силно и прецизно под пречката на Словачко. За одбележување беше добра шанса за Вардар повторно преку Максимов, во 75. минута нашиот напаѓач одлично во соло продор биеше од 20-сетина метри но голманот на противникот одбрани и одби во корнер. Во 83. минута Словачко израми на 2:2, со глава противнички играч го матираше Алексовски.  До крајот на натпреварот Вардар се обидуваше да стигне до нова предност но не успеа. Со резултат 2:2 заврши денешниот дуел.