Monday ,07 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски му донесе голем бод на Вардар од Струга
Блажевски му донесе голем бод на Вардар од Струга

Блажевски му донесе голем бод на Вардар од Струга

Вардар одигра 2:2 во Струга, а херој на ,,црвено – црните” денеска е Блажевски кој погоди во судиското продолжение за голем бод на Вардар од овој тежок дуел.

Фудбалерите на Вардар по првиот дел имаа негатива од 2:1 на дуелот во Струга. Првата добра шанса за гол ја имаше токму Вардар на денешниот дуел. По одлична нафрлена топка на Мартинага, Петковски биеше со глава, а голманот на домаќинот со крајни напори и со помош на еден свој дефанзивец спречи радост за Вардарци. Се играше 25. минута, одновно едно невнимание на одбраната на Вардар, продор на Буњамин Шабани по левата страна, нафрли пред голот на Вардар каде Чарлестон неспретно реагираше постигнувајќи си автогол. Само две минути подоцна нов гол.  Ремек-дело на Цаке кој со удар од 25 метри стрела под гредата од голот на за 2:0. Вардар треба да биде и среќен што на полувреме замина само со еден гол негатива. Дарко Мицевски успешен од белата точка со удар по средината на голот за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел иако во игра влезе Матеј Цветаноски, промени на резултатот немаше. Домаќинот ја умртви играта, а како одминуваше времето, така и Вардар се повеќе ја губеше безидејноста во нападите. Кога се чинеше дека се е готово, ,,црвено – црните” постигнаа злато вреден погодок. Шампионот треба да го слави Дејан Блажевски. Откако популарниот Шиле влезе во игра, Вардар постигна погодок. Се играше судиското надополнување, Блажевски имаше можност од преку 25.метри од слободен удар да бие, тоа го стори и погоди за 2:2 и голем бод од овој дуел.