Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи на ФК Вардар подобри од екипата на Ренова, нашите млади надежи остануваат максимални по две кола
Пионерските екипи на ФК Вардар подобри од екипата на Ренова, нашите млади надежи остануваат максимални по две кола

Пионерските екипи на ФК Вардар подобри од екипата на Ренова, нашите млади надежи остануваат максимални по две кола

Пионерските екипи на ФК Вардар денес на теренот на Академијата во рамките на 2.коло беа домаќини на екипата на Ренова.

Помладите пионери на Вардар беа убeделви со гостинот од Тетово, тие дојдоа до победа со високи 11-0. Одлична игра за момците на Стгефановски-Гаге. Првиот дел го добивме со два гола предност, на одмор заминавме со предност од 2-0. За нас стрелаа во првите 45.минути, Величковски Никола и Дошев Ѓорѓи.

По само 10.минути во вториот дел успеавме да постигнавме поголем број погодоци, односно со нови три гола поведовме со 5-0. Еднаш погоди Цветков Горјан и два пати Никола Величковски во овој период. До крајот на овој дел ние приредивме права голеада, доминирајќи во сите аспекти на фудбалската игра. За нас погодија потоа и Филип Јовановски ,Никола Величковски и Арбин Курти со чии погодоци до 60.минута водевме со 8-0. На 9-0 зголеми Цветков, потоа двајца играчи од клупата кои добија прилика стрелаа за конечните 11-0. Станува збор за Лука Јакимовски и  Стефан Ристовски. Попрегледно, Никола Величковски четири пати ја тресеше мрежата на противникот, додека два гола беа за Горјан Цветков. По еден гол се дело на Ѓорѓи Дошев, Филип Јовановски, Арбин Курти, Лука Јакимовски и Стефан Ристовски.

Мечот го започнавме со следниот состав: Илиевски Леонид, Фидановски Зоран, Серафимов Давор, Здравковски Симеон, Стојилевски Марко, Јовановски Филип, Спасиќ Тино, Величковски Никола (К), Цветков Горјан, Курти Арбин и Дошев Ѓорѓи.

 

Во игра ги видовме и Кулуковски, Таневски, Цикарски, Јакимовски, Николовски и Ристовски.

Пионерите на првата домашна средба сезонава дојдоа до триумф, вкупно втор сезонава за момците на Рап-Тап. Конечните 2-1 на оваа средба беа поставени уште во првиот период, ние поведовме со 1-0 преку Стојановски Стефан во 13.минута. Ривалот успеа да изедначи на 1-1. Со сите сили тргнавме во офанзива со цел да ја вратиме предноста во тоа успеавме на минута до крајот. Во 44.минута за нас стрелаше Здравковски Огнен, тој погоди за 2-1 резулат кој се покажа доволен за победа.
Во вториот дел со офанзивна игра ја чувавме предноста на оваа средба. Ние дојдовме до три бода во ова 2.коло со минимална победа.

Овој меч го започнавме со овој тим: Ангелов Наум , Анчевски Никола, Љушев Давид (К),Милошевски Максим, Каровски Сандро ,Хајдари Исмет, Ибраим Левент, Здравковски Огнен, Перковски Теодор, Стојановски Стефан и Попов Горазд.

Во игра влегоа уште Лука Ивановски, Марио Ричков, Мартин Мишевски и Михаил Јаневски.