Ракометната репрезентација на Македонија стигна до втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Избраниците на Данило Брестовац успеаа да издвојат важен триумф на гостувањето кај селекцијата на Швајцарија. Македонија победи со резултат 23:25.
Во првото полувреме гледавме израмнет натпревар на кој и двете репрезентации се менуваа во предност. Во второто полувреме, домаќинот се одлепи резултатски кога поведе со 18:15, што беше знак за Брестовац да побара тајм-аут. Следуваше серија на Македонија од 0:4 за предност од 18:19. Од тој момент не дозволивме да го испуштиме водството, а со голот на вардарецот Мишевски да поведеме и со 20:23. До крајот рутински одработивме и славевме победа со резултат 23:25.
Кирил Лазаров повторно беше најдобар стрелец со 6 погодоци, додека капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов повторно одигра добар натпревар кој го заврши со 5 постигнати голови. Гоце Георгиевски имаше 4, додека Филип Талески и Марко Мишевски имаа по1 гол.