Saturday ,18 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар поразен од Шкупи на натпревар од 23.коло во ПМФЛ
Вардар поразен од Шкупи на натпревар од 23.коло во ПМФЛ

Вардар поразен од Шкупи на натпревар од 23.коло во ПМФЛ

Екипата на ФК Вардар доживеа пораз на натпревар од 23.коло во ПМФЛ. Денес на трениг центарот „Петар Милошевски“ црвено-црните гостуваа кај екипата на Шкупи, од која беа поразени со резултат 2:0.

Екипата на Шкупи ги искористи своите шанси и на крајот стигна до победа. Првите директни удари кон голот, ги имаше Вардар. Во два наврати се обиде Мартин Мирчевски, посебно добра беше втората прилика, кога после проигрување од Најденов не успеа од 16 метри да го совлада противничкиот голман, односно биеше над голот. Екипата на Шкупи погодува во својата прва конкретна прилика. Откако од левата страна беше нафрлена топка, во нашиот шеснаесетник осамен беше Реџиналдо на кој не му беше тешко да го совлада Илиќ за водство од 1:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Вардар не создаде некоја голема прилика во вториот дел од натпреварот, додека домаќинот постигна одличен гол од 22 метри преку Глигоров кој атрактивно го совлада нашиот голман за зголемување на водството. До крајот на натпреварот немаше некоја голема прилика на двете страни, Вардар беше поразен за кој ова е осми пораз сезонава, трет во пролетниот дел.

После одигрување на ова коло, Вардар падна на 8.позиција со 27 бодови, или еден повеќе од екипата на Силекс која се наоѓа на позиција која носи во баражот за опстанок. Пред Вардар е навистина тежок период и секој бод ќе биде голем како „планина“ во битката да се остане во ПМФЛ.

ФОТО: Ekipa.mk