Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Зошто никој го нема контактирано Артим Шаќири кој покажа интерес да му помогне на Вардар
Комити: Зошто никој го нема контактирано Артим Шаќири кој покажа интерес да му помогне на Вардар

Комити: Зошто никој го нема контактирано Артим Шаќири кој покажа интерес да му помогне на Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар се уште има неизвесна иднина, како и неизвесен опстанок во најсилната македонска лига.Долго време клубот е со финансиски проблеми кои се продлабочуваат, а нема ништо поконкретно како ќе се решат проблемите. Навивачката група Комити помогна кога е најтешко, преку акцијата „Купи билет за спас на Вардар“ го ослободи клубот од одредени долгови, се поделија и плати за играчите и стручниот штаб, но на Вардар му е потребен стабилен сопственик кој ќе го врати клубот на високо ниво.

На својата официјална страна, Комити излегоа со текст во кој наведуваат дека Артим Шаќири се понудил да помогне преку извесна шпанска компанија, но нема никаква информација од страна на клубот и градот Скопје.

И зошто сеуште никој не го контактирал нашиот Артим Шаќири, кој е единствен кој достави писмо со намери како интерес за инвестирање во Вардар, преку извесна Шпанска Компанија?
Известени се и во ФК Вардар, известен е и градот Скопје, но никој не го контактирал сеуште. Зошто, имате некое решение или алтернатива?, стои во текстот на Комити.