Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Доминација ! ФК Вардар со сите свои генерации ќе игра во финалето на детската лига
Доминација ! ФК Вардар со сите свои генерации ќе игра во финалето на детската лига

Доминација ! ФК Вардар со сите свои генерации ќе игра во финалето на детската лига

Во текот на утрешниот ден на терените на ФФМ ќе се одиграат завршните натпревари во детската фудбалска лига, по што ќе ги дознаеме победниците во секоја генерација. Фудбалскиот клуб Вардар обезбеди финале во сите возрасни генерации.

Генерацијата “2004“ како и минатата сезона на завршниот турнир со двете свои екипи ќе игра за прво и трето место во детската лига. Вардар (2) ќе се бори за златниот медал, каде во финалето ќе ги одмери силите со екипата на Шкендија, додека Вардар (1) ќе игра за третото место против тимот на ЛГ Битола.

Генерацијата “2005“ беше најблиску да игра меѓусебно финале со двете свои екипи, но пенал рулетот против Фер Плеј ни ја скрати таа можност. Вардар (1) во оваа генерација ќе игра во големото финале, а противник ќе ни биде тимот на Фер Плеј од Охрид, додека Вардар (2) во малото финале, силите ќе ги одмери со тимот на ЛГ Битола.

Финале во детската лига обезбеди и генерацијата на ФК Вардар, родени “2006“ година. Тренерот Филип Арсовски ќе има моност, втора година по ред да стане шампион, но сега со различна генерација, откако минатата доминираше со генерацијата “2004“. Младите надежи од “2006“ во утрешното финале ќе играат со екипата на Албарса.

Вардар ќе биде финалист и во генерацијата родени “2007“ година, каде екипата на Вардар (1) го брани трофејот освоен минатата сезона. Тие утре во финалето за противник ги имаат врсниците од Фер Плеј, кои пак во полуфиналето го совладаа Вардар (2), кој ќе се бори за бронзениот медал.

Генерацијата “2008“ исто така ќе игра во големото финале на детската лига. Избраниците на Павел Неделковски имаа импресивни резултати на вчерашните натпревари и се очекува својата доминација да ја потврдат и на финалниот меч. Нивна последна пречка кон освојување на трофејот, ќе биде екипата на ЛГ Битола.