Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор поразен од Прилеп, до крајот на првенството потребен е еден триумф за сигурен опстанок
Вардар Јуниор поразен од Прилеп, до крајот на првенството потребен е еден триумф за сигурен опстанок

Вардар Јуниор поразен од Прилеп, до крајот на првенството потребен е еден триумф за сигурен опстанок

Втора сениорска екипа, младиот состав на  Вардар јуниор беше домаќин  на дуелот од    8. коло од плеј аут лигата  на екипата на РК Прилеп од истоимениот град. Во овој натпревар одигран во салата “Кале“ до победа стигнаа гостите кои победија со 34-28 (15-14).

На почеток  натпреварот почна со игра гол за гол на двете страни, се до резултат 6-6. Потоа момците од екипата на РК Прилеп успеаа да направи предност од “плус четири“ одлепувајќи се на  14-10. Во финишот на првиот дел следеа наши минути, момците на Стојан Петрушевски со серија 4-1 дојдоа на гол негатива. Со резултат  14-15 се замина на одмор на овој натпревар од плеј аут лигата.

Во вториот дел бевме близу на почетокот, постојано бркавме минимална негатива, а гостинот постојано водеше. Тие подоцна зголемија на 20-17 и на 23-18 со што најавја триумф.  На крајот победата на прилепчани беше изразена со шест гола позитива тие триумфираа со 28-34. По ова коло тимот на Јуниор остана на четвртото место на табелата во плеј аутот со 25 бода, четири повеќе од Металург 2. Во следното коло кое се игра на  28 мај нашиот тим  гостува кај РК Пролет, а во последното на 4 јуни е домаќин на екипата на “фенерџијата“ Работнички. За да избегнеме бараж за опстанок доволно е само една победа до крајот на првенството. Во дуелот со прилепчани најефикасен беше Поповски со 8 гола, а Ристов впиша зад своето име 6 погодоци.

 

ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Димов 2, Анѓелковски 1, Димовски, Георгиевски 3, Димитровски 1, Кизиќ 1, Поповски 8, Трпчевски 5, Николовски, Ристов 6, Стојковски, Манасков, Кукуловски 1, Филиповски, Цветаноски.