Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Александар Ѓорѓиески: Пресвртот што го направивме за три минути неможе да се опише , може само да се доживее
Александар Ѓорѓиески: Пресвртот што го направивме за три минути неможе да се опише , може само да се доживее

Александар Ѓорѓиески: Пресвртот што го направивме за три минути неможе да се опише , може само да се доживее

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се старо-нови освојувачи на купот на Македонија, откако во големото финале ја победија екипата на Работнички. Овој натпревар се одигра на теренот “Билјанини извори“ во градот Охрид и заврши со триумф на Вардарци од 2:1. По првото полувреме противникот имаше водство од 0:1, но во вториот дел за само три минути, избраниците на Тодоровски направија комплетен пресврт и на крајот сосема заслужено победија, со оглед дека имаа поголем дел од играта и создадоа повеќе шанси. Пресвртот го најави стоперот Ѓорѓиески, кога погоди и го израмни резултатот на 1:1, додека три минути подоцна , Бериша ги постави конечните 2:1. За впечатоците од освоениот куп трофеј, можете да прочитате од изјавата на Александар Ѓорѓиески, кој беше стрелец на еден од головите.

-Денешното финале против Работнички беше сосема друг натпревар од оној во лигата каде ги добивме со 4-2 и најважниот меч во оваа сезона. Сметам дека заслужено стигнавме до победата и титулата , бевме поквалитетна екипа и имавме голема желба. Пресвртот што го направивме за три минути неможе да се опише , може само да се доживее. Пресреќен сум за постигнатиот гол , ние верувавме во нас до последната минута и на крај тоа се исплатеше.

Сезоната во првенството, нашите пионери ќе ја завршат како вицешампиони, а во последното коло на домашен терен ја пречекуваме екипата на Ренова.

-Оваа сезона не беше баш најдобра за нас, бидејќи направивме неочекувани киксови на почетокот на оваа полусезона и тоа не чинеше титула, но ќе дадеме се од себе за да се подобриме следната сезона.

Звонко Ивановски