Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Трансферот на Жоан Кањелас од Кил во Вардар, е втор најдобар во европскиот ракомет за оваа сезона
Трансферот на Жоан Кањелас од Кил во Вардар, е втор најдобар во европскиот ракомет за оваа сезона

Трансферот на Жоан Кањелас од Кил во Вардар, е втор најдобар во европскиот ракомет за оваа сезона

Реномираниот портал “Хандбал Планет“ ја објави годишната листа на најдобри трансфери за сезоната која полека изминува. Неа ја предводи репрезентативецот на Франција, Недим Ремил кој од екипата на Кретеј на почетокот на оваа сезона пристигна во ПСЖ, со кој се пласираше на завршниот турнир во Келн. Веднаш под него, на високото второ место се наоѓа играч на Вардар. Се работи за Жоан Кањелас, кој пристигна во Вардар на почетокот на оваа сезона од екипата на Кил. Неговото искуство беше непроценливо, во борбата за пласман на завршниот турнир во Келн, кој е прв во историјата на клубот и Македонскиот ракомет. Репрезентативецот на Шпанија оваа сезона во лигата на шампиони, има запишано вкупно 34 постигнати голови и е важен играч за екипата, која досега освои два трофеи, а има можност за уште толку до крајот на сезоната. На третото место, за најдобри трансфери оваа сезона се наоѓа уште еден играч на ПСЖ. Се работи за крилото, Уве Генсхајмер, кој минатото лето од Рајн-Некар се пресели во ПСЖ.