На тренинзите на ФК Вардар е пристигнат играч од Аргентина. Станува збор за 23 годишниот офанзивен играч Лукас Нахуел Охеда.
Охеда тренира со Вардар и ќе помине извесен тест период. Исто така овој играч ќе патува во Анталија со Вардар каде ќе одигра и неколку тест натпревари. Покрај Охеда во Анталија треба да пристигне и уште еден играч од странство исто така на проба.
Последен клуб на Охеда му е Ривер Плејт.