Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Почетниот тим на Вардар против Шкендија
Почетниот тим на Вардар против Шкендија

Почетниот тим на Вардар против Шкендија

Гоце Седлоски ги одреди почетните 11-мина за дерби дуелот против тимот на Шкендија. На овој дуел ќе недостасуваат неколку клучни играчи во играта на нашиот тим. Составот на ФК Вардар е следниот:

На голот на нашиот тим е Филип Гачевски. Во одбраната се Бобан Грнчаров, Евгениј Новак, Благоја Љамчевски и Владица Брдаровски. Средината ја сочинуваат Никола Глигоров, Стефан Спировски, потоа Петар Петковски, Хуан Фелипе и Дамир Којашевиќ, и во нападот стартува повторно Џонатан Боарето Дос Реис.

На клупата за резерви стручниот штаб се одлучи да бидат голманот Игор Алексовски, потоа Немања Мијушковиќ, Јасир Асани, Бобан Николов, Ердон Даци, Џон Обрегон и Влатко Грозданоски.