Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Репете за Шкендија, со “европското чудо” си поигруваме лудо!
Репете за Шкендија, со “европското чудо” си поигруваме лудо!

Репете за Шкендија, со “европското чудо” си поигруваме лудо!

Вардар на феноменален начин ја победи Шкендија. Денеска нашите момци во целост го надираа директниот конкурен за титулата оваа сезона тимот на тетовска Шкендија со резултат 3-0 (1-0). Вардар на овој дерби натпревар настапи во следниов состав: Гачевски, Новак, Грнчаров, Брдаровски, Љамчевски, Глигоров, Спировски, Фелипе, Петковски, Којашевиќ и Балотели.

13939385_1640896896221361_497402997484333715_nВо 5 минута од мечот ФК Вардар ја имаше првата можност преку Којашевиќ кој нафрли по земја, но Захов ја изби топката и пропадна оваа шанса за Вардар. Одма потоа и Ибраими имаше шанса за Шкендија, но неговиот удар заврши покрај голот. Се играше 18 минута од натпреварот, по мирната фаза од натпреварот, Шкендија се закани од слободен удар преку Хасани, но ударот отиде високо над нашиот гол. Во 25 минута од натпреварот Ибраими се обиде од 20-сетина метри, но крај голот на Гачевски. Во 29 минута од натпреварот се изврши и првата измена во Шкендија. На местото на Јуфо во игра влезе Алими. Во 30 минута од натпреварот Љамчевски одличен удар од косо, но Захов брани и одби во корнер за Вардар. Потоа Балотели се обиде со удар од косо во 33 минута но за малку крај голот на Захов. Гооол за Вардар во 37 минута од натпреварот. Фелипе нафрли, Грнчаров спушти со глава на 5 метри, допката дојде до Глигоров кој стрелаше прецизно за 1-0. Вардар потоа имаше иницијатива за втор гол, но Којашевиќ не успеа на неколку наврати да издрибла серија на гостински играчи. Во 44 минута од натпреварот Фелипе одлично нафрли, но голманот на Шкендија беше фаулиран. Во следниот напад Којашевиќ се обиде со шут од 25 метри но крај голот на гостинот.

13934605_1640897222887995_1314750366002603410_nВо ФК Вардар во 46 минута се изврши и првата замена, на местото на Петар Петковски во игра влезе Јасир Асани. Исто така и во Шкендија во 46 минута на местото на Тотре во игра влезе Таипи. Во 50 минута Балотели имаше одлична шанса, биеше но само во еден од противничките играчи. Во 51 минута од натпреварот Спировски одлично шутираше од слободен удар, но Захов топката ја исфрли во корнер за нашиот тим. Во 58 минута Шкендија се закани преку Ибраими, но Гачевски беше внимателен. ГОООООЛ, во 59 минута од натпреварот Фелипе доби една убава топка од Балотели, биеше, топката дојде до Балотели кој погоди од еден метар за големи 2-0. Во 69 мунута од натпреварот Асани доби одлична топка од Балотели, но биеше многу малако по земја. Гооооооол за Вардар, Којашевиќ бомба удар и евро гол од 20 метри за високи 3-0 за ФК Вардар. По третиот гол на Вардар, јалови напади на Шкендија, но без никаква опаснот по нашиот гол. Чиста десетка за нашите Комити на овој меч, поддршка за нашиот тим во текот на целите 90 минути. Во 87 минута од играта во игра влезе вардаровата 87 Грозданоски на местото на Којашевиќ, која публиката го испрати со голем аплауз. Крај на мечот, голема победа на ФК Вардар од 3-0.