Вардар денеска со почеток во 16 часот ќе го одигра вториот и последен контролен натпревар на подготовките во Австрија. По нерешениот резултат (1:1) против австриски Штурм, денеска ”црвено – црните” силите ќе ги одмерат со тимот на Спартак Трнава од Словачка.
Трнава изминатата сезона заврши на четвртото место во првата словачка лига, со биланс од 16 победи, 6 нерешени и 11 порази. Оваа сезона пред тимот од Трнава беа: Тренчин (Шампинот), Слован Братислава и тимот на Спартак Мијава. Трнава оваа сезона не избори учество на меѓународна сцена. Тимот на Трнава се состоеше оваа сезона воглавно од играчи од домашата земја, придодадена со седум интернационалци. Најдобар стрелец на екипата за изминатата сезона беше Алберто Давид Депетрис со 15 погодоци, што го направи и втор најдобар стрелец во словачката лига. Очекуваме еден интересен меч.