Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ”Скенер” на Марко Пјаца
”Скенер” на Марко Пјаца

”Скенер” на Марко Пјаца

Тренерот на ФК Вардар, Гоце Седлоски со сигурност го следи натпреварот помеѓу селекциите на Хрватска и Шпанија, и е на големи маки. Во стартниот состав на Хрватска има токму два играчи од Динамо Загреб. Се работи за младите и талентирани играчи на Динамо: Марко Пјаца (21) и Марко Рог (20).

Не треба многу зборови да се трошат за Пјаца, се работи за екстра талентиран играч, и голем техничар. Младиот Пјача, кој има само 21 година и ова лето е мета на големи Европски великани, па доколку замине од Динамо би можел да ја олесни работата на ”црвено – црните”. Исто така тука е и Марко Рог играч од средината на теренот, кој располага со одличен преглед на играта. Но, во репрезентацијта има и уште двајца играчи кој играат за Динамо, а тоа се: Искусниот дефанзивец Гордон Шилденфелд и младиот играч од средината на теренот Анте Чорич.