Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Балотели пристигна во базата на Вардар
Балотели пристигна во базата на Вардар

Балотели пристигна во базата на Вардар

Станува збор за Џонатан Балотели играч од Бразил, кој има 27 години. Балотели е играч од шпицот на нападот, тој ќе има задача да постигнува погодоци. Балотели доаѓа од бразилската лига, досега има настапувано за повеќе бразилски тимови, највеќе Балотели се истакнал во дресот на Пескеира каде на 23 натпревари постигнал 13 погодоци во сезоната 2013/14.

Ова е трет нов играч кој пристигна во базата во Австрија, по голманот Игор Алековски (кој потпиша договор) и Обрегон (кој е на проба), останува да сочекаме од клубот, дали ќе го потврдат овој играч како нов, или ќе биде на проба, исто како и Обрегон.