Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Утре мечот Вардар-Спартак се игра во 16часот, директен пренос преку видео стрим
Утре мечот Вардар-Спартак се игра во 16часот, директен пренос преку видео стрим

Утре мечот Вардар-Спартак се игра во 16часот, директен пренос преку видео стрим

Нашиот шампион фудбалскиот клуб  Вардар вчера  го дозна противникот за второто квалификациско коло во Л.Ш, избраниците на Седлоски  веста ја добија во Австрија каде се на летни подготовки.  Прва пречка за нас во елитната лига ќе биде хрватскиот шампион кој повеќе од деценија владее со фудбалот во таа земја, постојаниот учесник на групната фаза во европските натпреварувања Динамо Загреб.  Интресен факт е што нашиот кормилар беше шест години играч од кој три години ја носеше капитенскаа лента на загребчани и со нив настапуваше токму во шампионската елита.

Стартувана е веќе  “мисијата Динамо“ утре не чека нов   тест-натпреварот  во кој ни е противник  екипата на Спартак Трнава од Словачка. Веќе е дефиниран терминот на овој втор тест во Австрија, како и првиот меч и овој ќе се игра со почеток во 16-00 часот. Секако и за овој дуел од нашиот клуб ќе биде обезбеден видео стрим за сите љубители на фудбалот и навивачи на црвено-црните да можат во живо да го проследат дуелот од оваа алпска земја. Ние  досега веќе одигравме веќе еден тест дуел во Австрија со  австрискиот бундеслигаш Штурм вој меч заврши реми 1-1 (0-0). На тој деби дуел за сезоната 2016/17 први поведовме ние преку   Новак во 66минута од мечот, сепак  австриците изедначија  преку Кох во 75 минута. Динамо Загреб вчера покрај тоа што не доби за противник во Л.Ш ќе добие и нов кормилар од како доцна попладне стигна веста дена тренерот на “модрите“ Зоран Мамиќ го напушта тимот. Ние со нив според  програма за на 25-ти јуни имавме закажан меч со Динамо Загреб, но  овој дуел нема да се одржи и двата тима ќе бараат други сапаринг-партнери, се очекува наскоро и официјално двата клуба да ја потврдат оваа вест. Се очекува утре повторно шанса за настап да добие колумбиецот  Обрегон кој се “бори“ за потпис на договор со црвено-црниот фудбалски колектив.